Stipe Mayiç
17 Февруари 2016•Ажурирај: 20 Февруари 2016
ЗАГРЕБ (АА) - На загребското сајмиште од 17-ти до 21-ви февруари 2016 година се одржува 25-от саем на наутика и 8-от меѓународен саем на гастрономија, хотелско-угостителска опрема, храна, пијалоци и гастрономски иновации, јавува Anadolu Agency (AA).
Саемите на наутика и гастрономија чинат заедничка целина со цел на едно место да се поврзат сите излагачи кои низ сродна тематика можат да ја унапредат хрватската туристичка понуда. Освен најзначајните хрватски компании, на саемот учестуваат бројни излагачи од странство.
Во преполните четири хали на Саемот, за љубителите на наутиката претставена е голема понуда на јахти, глисери, чамци, кајаци, гумени чамци, бродски и вонбродски мотори, опрема за нуркање, едрење и други спортови на вода.
Загребскиот саем на наутика и гастрономија оваа година, според проценките на организаторите, ќе го разгледаат над 25.000 посетители.