Stipe Mayiç
21 Март 2016•Ажурирај: 21 Март 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Анте Чачиќ, хрватскиот тренер на националниот фудбалски тим најави собир на репрезентативците во пресрет на двата пријателски натпревари против Израел и Унгарија, а го претстави и новиот дрес кој ќе се носи во наредниот период за време на Европското првенство во Франција од 10 Јуни - 10 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Се работи за сини и црвено бели дресови со препознатливите коцки. Против Израел во Осиек ќе се настапи во црвено бели дресови, а против Унгарците во Будимпешта во син дрес.
Првиот тренинг во рамките на подготовките за претстојните два пријателски натпревари хрватскиот национален тим ќе ги одржи денеска во Максимир 18 часот, додека пак силата на Унгарците ќе се измери три дена подоцна.