Arife Yıldız Ünal
24 Септември 2020•Ажурирај: 25 Септември 2020
АНКАРА - Според анализата што ја направи новинарот на АА, Турција во моментов во својата сателитска флота има три информативни и три набљудувачки сателити, известува Агенција Анадолија (АА).
Првиот сателит на Турција кој беше лансиран на 10 февруари 1994 година опслужуваше 12 години. Сателитот Турксат 1Ц опслужуваше 14, а сателитот 2А, 15 години.
Активните сателити Турксат 3А, 4А и 4Б ги покриваат потребите за комуникација. Сателитите Ѓоктурк-1, Ѓоктурк-2 и Расат служат за набљудување.
Турските сателити кои ги пружаат своите услуги, поставени се во три различни орбити, под агол од 31, 42 и 50 степени. Новиот сателит се планира да го заземе местото на сателитот кој се наоѓа во орбитата под агол од 31 степен. Tурксат 5А е изграден за таа цел, но и за да добие права на нови фреквенции.
Сателитот Турксат 5Б ќе се лансира во орбитата под агол од 42 степени, со цел зголемување на капацитетите и добивање права на нови фреквенции. Во изградбата на овие сателити понуди доставија познати светски компании, како што се француско-британската партнерска компанија „Airbus D&S“, јапонската „Mitsubishi Electric Corporation“ и канадско-американската компанија „MDA/Space Systems Loral“.
Од технички аспект се смета дека овие три компании се доволни, а како најдобра понуда од аспект на финансиски и домашен придонес, на 9 ноември 2017 година потпишан е договор со компанијата „Airbus D&S“. По потпишувањето на договорот, веднаш се започна со производството.
- Процес на изградба на сателитите Турксат 5А и 5Б
Активностите за дизајн и изградба на сателитите Турксат 5A и 5Б се извршуваа во објектите на компанијата „Airbus D&S“ во Франција и Велика Британија. Сателитот Турксат 5A ќе биде преземен на 2 октомври, а за 30 ноември е закажано неговото лансирање. Се планира сателитот Турксат 5Б да биде лансиран во вселената во 2021 година.
Со новите сателити нема да биде подобрена само комуникацијата, туку тие ќе имаат капацитет да обезбедат и широкопојасен интернет.
Лансирањето на новите сателити кои ќе бидат вклучени во флотата на Турција, ќе овозоможат покривање со сигнал на териториите на Азија, протегајќи се до Кина, вклучувајќи ги тука и турските републики, а со сигнал ќе бидат покриени и Африка и Европа.