Melike Pala
03 Септември 2024•Ажурирај: 06 Септември 2024
АНКАРА (АА) - Покрај забраната за употребата на паметни телефони во средните училишта и во основните од 5 до 8 одделение во Холандија, забраната е воведена е и за учениците од 1 до 4 одделение, со образложение дека овие уреди го одвлекуваат вниманието на учениците и негативно влијаат на резултатите од нивните испити, известува Анадолу.
Во вестите што ги објавија локалните медиуми, Министерството за образование, култура и наука на Холандија одлучило од почетокот на оваа недела да ја забрани употребата на паметните телефони за време на наставата во основните училишта.
По оваа одлука, на учениците ќе им биде дозволено да користат паметни телефони само за време на соодветните курсеви за наставни цели или во исклучителни случаи како што се здравствени причини или физички пречки.
Одлуката, која беше донесена со образложение дека паметните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците и негативно влијаат на резултатите од нивните испити, веќе се спроведува во средните и од 5 до 8 одделение во основните училишта.
Со вклучувањето на забраната и за учениците од 1 до 4 одделение, во потполност е забранета употребата на паметните телефони во сите училишта низ државата.
Забраната, која се спроведува во Грција, Италија и француските региони на Белгија, се очекува да биде на дневен ред и во Германија.