Cuneyt Davut
18 декември 2015•Ажурирај: 19 декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје, во рамките на активностите „Шеб-и Арус„ со кои се одбележува годишнина од смртта на Мевлана, се одржа конференција на тема „Мевлана во светот на суфизмот и книжевноста", каде говореше професор др. Метин Изети од Државниот универзитет во Тетово, јавува Anadolu Agency (AA).
На настанот организиран од турскиот културен центар “Јунус Емре“ до Скопје, присустуваа заменик-секретарот на Турската амбасада во Скопје Синан Ертај, раководители на турските институции и компании, претставници на невладини организации, академици и многу гости.
Директорот на Институтот Јусун Емре во Скопје Доц. Др. Мехмет Самсакчи, во неговата изјава изрази задоволство за организирање на настан, посветен на личноста, контемплацијата и делата на Мевлана, и рече „Да се спомне Мевлана и да се говори за него, значи решавање на многу теми за суфизмот и духовноста во нашиот свет„.
Проф. Др. Метин Изети, од Државниот универзитет во Тетово, кој беше еден од говорниците на настанот, истакна дека Шеб-и Арус се нарекува средбата на Мевлана со неговиот Љубовник. Исто така проф. др. Изети додаде:
„Мевлана,е многу значајна личност низ целиот свет, но посебно во Балканот, не само од верски аспект, туку и за литературата. “
На конференцијата одржана по повод 742. годишнина на смртта на Мевлана, на тема „Мевлана во Светот на Суфизмот и Книжевноста" се зборуваше за животот, делата на Руми, и неговото место во светот на суфистиката книжевност.