Besar Ademi
08 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - На регионалната конференција за односи со јавност која се одржа во Скопје, во организација на Министерството за одбрана на Македонија и Кралството на Норвешка во Скопје, Едлира Пренди од Министерството за одбрана на Албанија изјави дека на денешницата во регионот тоа што ја доминира комуникацијата или слободата на изразување не е политиката, туку се економските интереси, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Пренди, во денешното време медиумот е бизнис, затоа што многу сопственици на медиуми доаѓаат од бизнис, така што тие медиумот не го гледаат со првата цел и визија да се информира јавноста. Ова, како што вели таа, им даде на медиумите поинаква насока.
"Во оваа смисла, јас би рекла дека слободата на медиумите и на изразување во медиумите е малку под закана на економските интереси, но во различни времиња, повеќе или помалку тоа е на исто ниво. Претходно заканите доаѓаа од политиката, сега доаѓаат од економските интереси. Сепак медиумот е оној кој секогаш ќе биде во центарот на заканите, но на еден или друг начин знаел и да биде вистина и да ги каже информациите и вестите од јавен интерес" соопшти Едлира Пренди од Министерството за одбрана на Албанија.
Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски рече дека оваа конференција на која присуствуаат лидери од регионот во секторот за односи со јавноста, ќе придонесе за зајакнувањето на безбедноста и стабилноста во регионот.
"Вашата соработка и координација во областа на односите со јавноста ќе воспостави систем кој ќе има најголема корист во нашите национални и регионални напори, како и потребата за зајакнувањето на безбедноста и стабилноста на регионот" рече Јолевски.
На регионалната конференција, која ќе се одржува два дена, учесниците се претставници од Норвешка, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Словенија, Косово и Црна Гора.
Учесниците ќе разговараат за унапредување на соработката во областа на односите со јавноста, но акцентот ќе биде ставен на регионалните потреби за обука и образование во рамките на Регионалниот центар за односи со јавност во Скопје.