Barış Gündoğan,Yıldız Nevin Gündoğmuş,Fatih Çakmak
03 Јуни 2016•Ажурирај: 04 Јуни 2016
МОГАДИШУ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во рамките на посетата на Сомалија имаше двојна средба со претседателот на Сомалија, Хасан Шех Махмуд и средба на делегации, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбите, на заедничката прес-конференција Претседателот Ердоган на свеченото отворање на амбасадата на Турција во Могадишу изјави дека му причинува особено задоволство што по годинаипол е повторно во Сомалија.
„Во свое име и во име на делегацијата се заблагодарувам на укажаното гостопримството“, рече Ердоган, и додаде дека како и минатиот пат е во придружба на голема делегација.
Претседателот Ердоган истакна дека по трет пат доаѓа во Сомалија и при секое доаѓање може да се забележи дека Сомалија ја следи својата визија за стабилност, мир и просперитет во државата.
Претседателот на Турција потсети дека во јануари месец минатата година ја посетил Сомалија по повод свеченото отворање на Турско-Сомалиската болница за Обука и истражување, а денеска за пуштање во употреба на амбасадата во Могадишу.
Ердоган истакна дека комплексот на амбасадаста во Сомалија е најголем амбасадорски комлекс на Турција во светот, и им се заблагодари на изведувачот на изградбата, Групација Albayrak.
Претседателот Ердоган за луѓето кои во Етиопија, Пунтленд и Сомалија се борат со сушата и гладта го изјави следното:
„Со посредство на турската црвена полумесечина во регионов ќе биде испратен посебен брод со помош во храна за време на месецот на постот“.
Претседателот Ердоган соопшти дека Турција ќе продолжи да го поддржува буџетот на Сомалија.
„Кога ја започнавме политиката на отворање кон Африка, и пружањето рака за помош во 2011 година, некои го оквалификуваа како минлив ентузијазам. Помислуваа дека и ние, слично на нивниот однос кон нешатата, ќе се откажеме од давањето помош. Фала му на бога, ние не потклекнавме.“
Претседателот Ердоган изјави: „Знам дека Сомалија ја очекуваат избори. Тие ќе помогнат за нормализирање и зацврстување на државата. Морам да кажам една сомалиска поговорка. ‘Еден човек најкомфорно може да се се осеќа во креветот на мирот’. Посакувам изборите во Сомалија да поминат мирно и безбедно.“