Tufan Aktaş
11 Јули 2016•Ажурирај: 11 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Во нападот на воената база во Могадишу, Сомалија, загинаа десет војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Милитантите на организацијата Ал-Шабаб во утринските часови со автомобил-бомба извршиле напад на базата во Ланта Буро. Притоа дошло до судири меѓу припадниците на безбедносните сили и милитантите.
Претходно, оваа база е користена како затвор.
Одговорност за нападот презеде терористичката организација Ал Шабаб. Тие тврдат дека во судирите усмртиле 30 војници и отуѓиле оружја и воени возила. Локалното население за медиумите изјави дека пукотниците во базата можеле да се слушнат сѐ до излегувањето на сонцето.
Организацијата во март изврши напад на истата база. Тогаш загинаа шест војници.