Fatjon Cuka
19 Март 2016•Ажурирај: 20 Март 2016
ТИРАНА (АА) - Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, го осуди терористичкиот напад во Истанбул во кој загинаа 5 лица и десетици повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
„Шокиран сум од терористичкиот напад во Турција. Сочувствувам со жртвите и нивните семејства. Ние сме заедно со Истанбул и неговите граѓани против тероризмот”, напиша Бушати во пост на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Твитер.