Kayhan Gül,Lejla Bıogradlıja
08 Април 2016•Ажурирај: 09 Април 2016
ПРИШТИНА (АА) – КАЈХАН ЃУЛ / ЛЕЈЛА БИОГРАДЛИЈА – Новиот Претседател на Косово, Хашим Тачи, како еден од политичките лидери на Косовската ослободителна армија (УЧК) во борбата на Албанското движење на отпорот за независност на Косово во 1990 година, се искачи на самиот врв во политиката на државата, јавувa Anadolu Agencu (AA).
Во главниот град Приштина, на Плоштадот Скендербег се одржа церемонија на која Атифете Јахјага му ја предаде претседателската функција на Тачи, досегашен премиер на Косово, помошник премиер и министер за надворешни работи.
Тачи кој од страна на народот беше виден како „лидер“ преземајќи голема одговорност врз себе во поновата историја на државата, е роден на 24 април 1968 година во градот Скендерај.
По завршените студии по психологија и историја на приштинскиот универзитет, Тачи магистрира на Циришкиот универзитет на тема "Историја и меѓународни односи" со што се истакна како еден од политичките лидери на УЧК во војната која се појави 1998-1999 година.
Станува првиот премиер на Косово по изгласаната независност на државата, а по првите избори во 2014 година и формираната коалиција, ги извршува функциите на помошник Премиер и Минисер за надворешни работи.
- Од лидер на отпорот до Претседател
На претседателските избори во Косово 2011 година, народот немаше многу информации за ноизбраната претседателка Атифете Јахјага. Иако Јахјага била политичар, и не многу позната меѓу народот, била избрана во период кога државата била во криза и се барало независен кандидат.
Новит претседател на Косово Тачи не е познат само во Косово од времето на борбата за независнот, туку е личност која светската јавност одблиску го познава.
Тачи имаше клучни улоги во новата историја на Косово, по војната во Косово беше виден како „лидер„ во од страна на народот, 17 години беше претседател на Демократската партија на Косово, која претставува огранок на УЧК.
Тачи ја извршуваше улогата на премиер во период од 2008 до 2014 година, а по општите избори во 2014 година, во коалиционата влада, ја извршување функцијата на помошник премиер и министер за надворешни работи.
- Обврски кои го очекуваат Претседателот Тачи
Една од најважни обврски кои го очекуваат Претседателот Тачи е надминување на политичката криза во државата.
Во рамките на потпишаниот спогодбен договор на дијалогот меѓу Србија и Косово, потребно е основање на српска унија на општини во Косово, спроведување на потпишаниот договор. Во рамкие на потпишаниот спогодбен договор на дијалогот меѓу Србија и Косово, потребно е основање на српска унијата на општини во Косово, спроведување на потпишаниот договор за поставувањето на граница меѓу Косово и Црна Гора, на кој се спротивстави опозицијата, бојкотирајќи ја работата на парламентот, фрлајќи солзавец на пленарните седници.
Една од главните задачи на Тачи е продолжување на процесот на дијалог со Србија. Иако оваа задача на продлжување на дијалогот е обврска на државата, сепак се очекува клучна улога во овој дијалог да ја одигра Тачи, кој е инволвиран во него од самоит почеток.
Косово кое се оддели од Србија во 2008 година и прогласи еднострана независност, а сеуште не е прифатено членството во ОН, поради ветото од страна на Русија, која има блиски односи со Србија. Голема е љубопитноста каков ќе биде развојот на настаните во периодот на владеењето на Тачи.
Косово по прогласената независност до денеска е призната од страна на 108 држави.