Agon Fehmiu
23 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Заменик-премиерот, а во истовреме и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи, денеска беше домаќин на министерот за надворешни работи на Италија, Паоло Џентилони, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата Тачи - Џентилони, двајцата министри за надворешни работи разговараа за досегашните постигнувања на Косово, вклучително и консензуалните односи со Европската унија, преку потпишување на Договорот за стабилизација и придружување како и за позитивниот извештај за процесот на визната либерализација, информира Министерството за надворешни работи на Косово.
Тачи рече дека Косово очекува препорака за визната либерализација за граѓаните на почетокот на следната година, нагласувајќи дека Косово е извор на стабилноста во регионот, и ја потенцираше посветеноста на Косово на дијалогот со своите соседи, како и за спроведувањето на договорите кои се во согласност Уставот, законите и интересите на Косово.
Во однос на актуелната криза и случувањата во Собранието во последниве четири месеци, вицепремиерот на Косово истакна дека реалноста на Косово не е солзавецот и дека "договорите на опозицијата и се само изговор за промовирањето на нови избори, за кои навистина нема потреба. "
Темите на разговор помеѓу двајцата министри за надворешни работи, исто така, беа билатералните односи и соработката меѓу Косово и Италија во областа на економијата, земјоделието и образованието, како и во областа на безбедноста, особено во борбата против тероризмот и радикалниот екстремизам и билатералните односи кои вицепремиерот Тачи ги опиша како одлични.
"Соработката треба да ја прошириме и во областа на економијата, бидејќи Италија е важен актер во регионот", рече Тачи, се вели во соопштението.
Од друга страна, шефот на италијанската дипломатија, Паоло Џентилони рече дека "Италија ја поддржува динамиката на односите меѓу ЕУ и Косово и ја поддржува аспирацијата на Косово за членство во меѓународните организации".
Тој се согласи дека треба да се продлабочи меѓудржавната соработка во областа на економијата, но исто така и во областа на безбедноста.