Zülfiya Yakup
08 Април 2016•Ажурирај: 09 Април 2016
ПРИШТИНА (АА) – На свечената церемонија на инаугурација, новиот претседател на Косово, Хашим Тачи порача дека ќе биде заштитник на Уставот, и дека ќе биде непристрасен претседател на сите граѓани на Косово. Церемонијата на предавање на должност помеѓу новиот претседател на Косово Хашим Тачи и досегашната претседателка Атифета Јахјага, водена е на три јазици албански, српски и англиски.
Јахјага и Тачи најпрво стигнаа заедно од Собранието, па по интонирање на косовската химна поминаа пред гардата на Безбедносните сили на Косово. Потоа Јахјага му ја предаде на Тачи копијата од Уставот на Косово, како симбол на чест и обврска. За време на почетокот на церемонијата фрлен е солзавец во близина на зградата на Собранието, но надвор од просторот кој беше опкружен од Полицијата на Косово.
Претходно пред почетокот на церемонијата беа фрлени два солзавци во близина на гостите, иаку имаше големо полициско обезбедување. Опозициското движење Самоопределување ја презеде одговорноста за солзавците. Тачи за време на говорот не потсети на генерациите кои се жртвувале за слободата која Косово денес ја има, како и дека му е чест да биде претседател на херои.
“Косово е татковина на сите негови граѓани. Ние градиме граѓанска демократија. Херој е учител кој ја едуцира младата генерација. Херој е и земјоделецот кој произведува леб, херој е лекар кој лекува. Херој е рудар, херој е заштитник на природата, херои се студентите, децата кои одат на училиште изградено со нашите напори,” изјави Тачи. Тој изнесе четири прашања на кои како претседател ќе работи.
“Свесен сум дека во последните месеци имавме отворени дебати со различни политички тонови. Како заштитник на Уставот ќе бидат политички непристрасен. Ќе понудам агенда на активен дијалог помеѓу претставниците на народот без партиски разлики. Ќе употребам советнички инструменти да имаме активен дијалог и со немнозинските заедници”, наведе Хашим Тачи.
Истакна дека после сите битки за слобода и независнот на Косово му следи и заедничка борба за членство во Обединетите нации, како и НАТО И ЕУ. Вети дека ќе работи на афирмација на Косово на меѓународната сцена на политичко, дипломатско и социјално поле, и дека Косово ќе биде дел од глобалната борба против радикализмот и тероризмот. Тачи истакна дека ќе гради добри односи со соседите.
“Патот кон дијалогот со Србија и кон евроинтеграциите мора да се продолжи, тоа е национална задача и смееме да се предадеме на омразата и разочарувањето”,истакна Тачи.
“Ние ќе градиме добро соседство, дијалогот нема алтернатива. Косово и Србија треба да поминат од фаза на нормализирање на односи во фаза на помирување меѓу двете држави и двата народа. Уверен сум дека ќе се случи помирување”, изјави Тачи.
Исто така истакна дека ќе работи на економскиот развој на земјата и создавање на перспектива на граѓаните. На инаугурацијата на Тачи не присуствуваа опозициските пратеници, кои ја бојкотуваа вчерашната седница во Собранието на која тој положи заклетва и презеде одговорност на претседател на Косово.
Опозицијата ја бојкотираше и седницата во Собранието на 26ти февруари, кога Хашим Тачи, досегашниот прв претседател на Владата и министер за надворешни работи, изгласан за претседател на Косово. Пратениците на “Српската листа” кои вчера беа присутни во Собранието, денес не учествуваа на инаугурацијата на Косово. На инаугурацијата на Хашим Тачи за претседател на Косово, присуствуваа официјални лица од повеќе од 50 земји, а меѓу нив и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, претседателот на Албанија Бујар Нишани, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателоте на Собранието на Албанија Илир Мета, заменик премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ, службеникот на Стејт департмент Хојт Ји, претседателот на Велико народно Собрание на Турција Исмаил Караман и многу други.
Од Србија не присуствуваше никој од службениците, но дојдоа гости од Србја и тоа претседателот на партијата “Активна Србија”, Душан Јањиќ. По претседателскиот говор, изведен е уметнички програм во кој учествуваше детски хор со деца од сите заедници кои живеат во Косово и Филхармонијата на Косово.
Церемонијата на инаугурација беше пропратена со голем број на домашни и странски медиумски куќи а косовските национални телевизии ја пренесуваа церемонијата директно.
Тачи, кој 17 години беше на чело на Демократската партија на Косово, веднаш по изборите за претседател на Косово поднесе оставка на позиција лидер на партијата, бидејќи тоа го бараше Уставот на Косово. Избран е на петгодишен мандат.