Fatjon Cuka
27 Јуни 2019•Ажурирај: 28 Јуни 2019
ТИРАНА (АА) - Претседателот на Албанија, Илир Мета, потпиша нов декрет со кој 13 октомври е определен за датум за организирање на локалните избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Мета на прес-конференција укажа на причините за одлуката за определување нов датум за локалните избори на 13 октомври. Според него, постојат две причини:
„Тој е најбрзиот ден за организирање на сеопфатни локални избори. Една од главните причини е во врска со обезбедување на континуитетот на европската интеграција, и за да не се исклучи Албанија од Северна Македонија во врска со моментот на отворање на преговорите“, рече Мета.
Одлуката на претседателот на Албанија, Мета, дојде по средбите кои ги имаше со претставниците на некои опозициски политички партии, а неговата одлука предизвика реакции.
Во врска со оваа одлука реагираше премиерот на Албанија, Еди Рама, кој на социјалните мрежи напиша дека 30 јуни е единствениот датум за избори.
Потсетуваме, опозициските партии во Албанија, Демократската партија (ПД) и партијата Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), од укинувањето на парламентарните мандати во февруари организираа неколку протести на кои имаше тензии, барајќи преодна влада и предвремени избори, а не се вклучени ниту во процесот за локални избори.
По овие настани, претседателот на Албанија, Мета, на 10 јуни донесе одлука за укинување на декретот за локални избори, и одлучи да го откаже 30 јуни како ден за одржување на локалните избори.
Од друга страна, премиерот на Албанија, Еди Рама, е против идејата за преодна влада и одлуката за откажување на изборите, а владејачката Социјалистичка партија (ПС) ја продолжува кампањата за локални избори.
Меѓу другото, по барањето на Социјалистичката партија, предводена од премиерот Рама, Собранието на Албанија ги започна процедурите за разрешување на претседателот Мета, со образложение дека декретот за откажување на изборите е против уставните принципи.