Admir Fazlagic
14 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Демократската унија на Албанците (ДУИ), Али Ахмети се сретна со турската амбасадорка во Македонија, Тулин Еркал Кара, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од ДУИ, Ахмети и амбасадорката Кара разговарале за политичката ситуација во државата и за билатералните односи меѓу Скопје и Анкара.
Во соопштението се наведува дека Ахмети ги презентирал петте можни опции на ДУИ за излез од политичката криза, нагласувајќи го, како што се наведува „внимателниот пристап во решавањето на овој ќорсокак поради големата чувствителност на ситуацијата во државата, но и во регионот."
„ДУИ ја има предвид важноста на нашата одлука и затоа суштински и широко ја испитува секоја веројатност, предностите и последиците што може да ги донесе нашата определба, рекол Ахмети", стои во соопштението.
Се додава дека Ахмети го осудил неуспешниот обид за државен удар во Турција, додавајќи дека преземањето на власта со сила е неприфатливо и ги осудил терористичките напади во Турција, покажувајќи солидарност со турскиот народ и сочувство до жртвите.