Muhammed Yasin Güngör
20 Декември 2024•Ажурирај: 21 Декември 2024
Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, денес во Анкара оствари средба со неговата германска колешка Аналена Баербок, јавува Анадолу.
Турското Министерство за надворешни работи не даде детали за состанокот, германското федералното Министерство за надворешни работи претходно посочи дека разговорите ќе се фокусираат на мировниот процес во Сирија.
За време на нејзината посета на Туркије, Баербок беше придружувана од Тобијас Линднер, државниот министер и специјален координатор за Сирија при федералното Министерство за надворешни работи.
Фидан одделно го прими Том Флечер, заменик-генерален секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања и координатор за итна помош, во турскиот главен град.
Не се дадени повеќе детали.