Yasin Yağcı
06 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
АМСТЕРДАМ (AA) - Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушголу, на маргините на неофицијалниот состанок со министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ) кој се одржува во Амстердам, се состана со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај тоа, Чавушоглу се состана и со министерот за надворешни и европски работи на Хрватска Мира Ковач. Чавушоглу и Могерини се сретнаа во музејот на Поморство во Амстердам.
Како се дознава од дипломатските извори, тема на двата состаноци беше состојбата во Сирија и бегалската криза.
Чавушоглу се сретна и со домаќинот, министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Коендерс, а тема на разговорот исто така беше бегалската криза.