Hasan Esen
20 Мај 2016•Ажурирај: 20 Мај 2016
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу во Брисел се состана со министерот за надворешни работи на НАТО, Џон Кери со кој разговараа за борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот министер Чавушоглу, кој во Брисел дојде на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, имаше неколку билатерални средби. Прво се сретна со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски.
Подоцна тој во Брисел се сретна и со министерот за надворешни работи на САД, Џон Кери, со кој зборуваше за ситуацијата во Сирија, борбата против тероризмот, случувањата во Ирак и спречувањето на странски терористички борци.
По средбата со министерот за надворешни работи на Бугарија Даниел Митов, турскиот министер Чавушоглу замина за Турција.
Вчера министерот за надворешни работи на Турција Чавушоглу имаше средби со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коциас, холандскиот министер за надворешни работи, Берт Коендерс и министер за надворешни работи на Данска Кристијан Јенсен.