Merve Berker
28 Јануари 2024•Ажурирај: 29 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес ја започнува својата четиридневна посета на Албанија, Бугарија и Романија, известува Анадолу.
Како што е најавено, Фидан турнејата ќе ја започне во Албанија, каде ќе се состане со официјалните лица на земјата.
Фидан ќе се состане со своите колеги, за да разговара за билатералните односи, како и за актуелните регионални и глобални случувања, најавија дипломатските извори.
За време на посетата, шефот на турската дипломатија ќе се состане и со турските бизнисмени и претставници на турските заедници во овие земји.