Afra Aksoy
30 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
РАМАЛА (АА) - Членот на Извршниот одбор на Палестинската ослободителна организација (PLO), Ханан Ашрави, истакна дека во израелските затвори се наоѓаат 291 дете затвореник, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во израелските затвори сè уште се наоѓаат околу 5.900 Палестинци, од кои 291 дете“, наведе Ашрави во соопштението објавено по ослободувањето на храбрата Палестинка Ахед ал Тамими.
Тој побара да се ослободат сите затвореници од израелските затвори. Ашрави нагласи дека Израел продолжува да ги прекршува правата на палестинските затвореници, и дека меѓународната заедница ги игнорира ваквите нечовечки и незаконси третирања.
Според него, Тамими и нејзината мајка биле приведени на неправеден начин од страна на израелските сили, и зад тоа стои политичка причина.
Истакнувајќи дека со она што ѝ се случува на Тамими и на палестинските затвореници се одразува кукавичката природа на окупаторските сили, Ашрави рече дека семејството Тамими станало симбол на отпорот, честа и гордоста.
Потсетуваме, Ахед ал Тамими на 19 декември минатата година беше приведена по рацијата извршена од страна на израелските војници во нејзината куќа во Рамала, каде што живее заедно со нејзиното семејство, додека нејзината мајка Нериман беше приведена од страна на израелските војници откако отишла да добие информации за нејзината ќерка во Центарот за приведувања во источниот дел на Рамала.
Тамими беше обвинета за „напад“ врз израелски војник откако беше објавено видео каде што е прикажано како таа му удира шлаканица на еден израелски војник, кој присилно влезе во дворот на нивната куќа во подрачјето на Неби Салих во Рамала, на Западниот Брег.
Таа заедно со нејзината мајка вчера беа пуштени на слобода.