Qais Omar Darwesh Omar,Çağrı Koşak
20 Февруари 2024•Ажурирај: 21 Февруари 2024
РАМАЛА (АА) - Здружението на палестинските затвореници поврзано со Палестинската ослободителна организација (ПЛО) повика да се откријат тајните затвори што Израел, обвинет за геноцид, ги формирал по 7 октомври, известува Анадолу.
Лидерот на Здружението на палестинските затвореници, Кудура Фарис, даде соопштение во врска со наводите на израелската телевизија Канал 13 за постоењето на тајни затвори во кои се држат и измачуваат палестинските затвореници.
„Окупаторската држава спроведува измачување и злоупотреба што е меѓународно забрането, а сведоци сме на такви затвори“, рече Фарис.
Тој нагласи дека постојат тврдења за затворање и измачување на Палестинци во тајни затвори.
„Што чека меѓународната заедница? Зар ова насилство и извршени злосторства над Палестинците во израелските затвори не се доволни“, праша Фарис.
Тој истакна дека Палестинците притворени по 7 октомври, по инструкции на израелскиот министер за национална безбедност Бен-Гвир, ги држат во подземен затвор што долго не се користел.