Betül Yürük
16 Февруари 2017•Ажурирај: 16 Февруари 2017
ЊУЈОРК (AA) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес денеска изјави дека не постои алтернатива на дводржавното решение за израелско-палестинското прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со министерот за надворешни работи на Египет Самуел Шукри во Каиро, Гутерес предупреди да не се откажува од идејата на дводржавно решние.
„Освен дводржавно решение, не постои план Б. Потребно е се да се направи за да се сочува ова решение", рече Гутерес.
Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп денеска по состанокот со премиерот на Израел Бењамин Нетанјаху во Белата куќа изјави дека ќе се сложи со секој договор кој ќе го постигнат Израел и Палестина.
„Ќе се сложам со секој договор на двете страни. Можно е било кое од двете решенија (дводржавно или еднодржавно решение). Мислев дека дводржавното решение би било подобро, но ако Израел и Палестина ќе бидат среќни, јас ќе прифатам решение кое тие ќе го изберат", рече Трмп на конференцијата за медиумите.
Истакна дека е подготвен и на алтернативни опции, кога станува збор за дводржавно решение, за да се воспостави мир на Блискиот исток, додавајќи дека американските власти внимателно работат на постигнување на мир на тоа подрачје.
Порача исто така дека и Ирзаел и Палестина сепак ќе мора да направат одредени отстапки за да на крајот постигнат некакво решение.
Нетанјаху истакна дека палестинската страна мора да ја признае државата Израел за да се постигне дводржавно решение, додавајќи дека ќе биде тешко да се постигне мир на Блискиот исток ако тоа не се случи.