Selçuk Acar
10 Август 2016•Ажурирај: 11 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун го назначи специјалниот советник Карен Абузаид да биде одговорен на самитот за иселеници и бегалци, кој ќе се одржи на 19 септември во седиштето на Обединетите нации. Карен Абузаид истакна дека државите-членки се согласиле на конкретниот предлог-план од средбата, јавува Anadolu Agency (AA).
Абузаид истакна дека сите држави-членки на ОН се согласиле на финалниот предлог-план, којшто се однесува на иселениците и бегалците во светот. Надлежните речиси 5 месеци работеле на документот.
Абузаид нагласи дека пред одржувањето на самитот дошле до напредок во работењето. Таа пренесе дека според договорот, земјите-членки прифатиле во нив да бидат сместени 1 милион бегалци во 2017 година. Абузаид додаде дека оваа бројка кореспондира на 5% од вкупниот број бегалци во светот и на половина од тие што како бегалци се обидуваат да се сместат каде било.
Абузаид го искажа своето мислење во врска со договорот, кој предвидува поголема посветеност на активностите против мигрантската и бегалската криза.
„Во случај на исполнување на ветувањата во документот, голема корист ќе имаат мигрантите, бегалците, нивните поддржувачи и државите и заедниците што нив ги прифаќаат“.
Темата за бегалците ќе биде една од најважните теми на самитот на ОН што следниот месец ќе се одржи во Њујорк.
Исто така, во 2018 е планирана меѓувладина конференција во врска со бегалците. Во врска со темава се очекува да биде прифатен еден „глобален договор за принципи“.