Nilay Kar
12 Декември 2019•Ажурирај: 13 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турција ги извести Обединетите нации (ОН) за Меморандумот потпишан со Либија, кој ги поставува поморските граници на земјите во Источниот Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од дипломатски извори, се дознава дека Турција вчера го испратила во ОН на регистрација меморандумот потпишан со Либија на 27 ноември и стапи во сила на 8 декември.
Според член 102 од Повелбата на ОН: „Секој договор и секоја меѓународна спогодба склучена од која било членка на Обединетите нации треба што поскоро да се регистрира во Секретаријатот и да биде објавена од него.“
Меморандумот со Владата на национално единство (GNA) на Либија беше потпишан на 27 ноември и усвоен од турскиот Парламент на 5 декември.
На 27 ноември, Турција и Владата на национално помирување на Либија (УМХ), признаена и од страна на Обединетите нации (ОН), постигнаа билатерален меморандум, кој ги потврдува правата на Турција на Источниот Медитеран против едностраните дупчења на грчката администрација на Северен Кипар, нагласувајќи дека Турската Република Северен Кипар исто така има права на изворите во оваа зона.
Меморандумот стапи на сила од 8 декември, откако двете земји го објавија во своите службени весници.