Mohammad Sıo
09 Април 2026•Ажурирај: 09 Април 2026
Повеќе од 3.000 луѓе се убиени во американско-израелските напади врз Иран од 28 февруари, соопшти денес иранската Управа за форензика, јавува Анадолу.
Абас Масједи Арани, претседател на Управата, изјави дека околу 40% од телата првично не можеле да бидат идентификувани по нападите.
Говорејќи за иранскиот медиум „Мизан“, Масједи Арани рече дека властите се потпираат на искуството стекнато за време на 12-дневната војна минатиот јуни за да ги идентификуваат жртвите и да им ги вратат посмртните останки на нивните семејства.
Тој истакна дека Управата за форензика, во соработка со правосудството, ги има на располагање сите ресурси за идентификација на жртвите, додавајќи дека таквите напори се во тек.
Објавениот биланс за повеќе од 3.000 убиени не можеше да биде независно потврден.
Доцна вечерта во вторникот Иран и САД објавија дека донеле одлука за двонеделен прекин на огнот со цел да се отвори патот за конечно решение за прекин на војната што САД и Израел ја започнаа против Иран на 28 февруари.