Mustafa Melih Ahıshalı
12 Декември 2018•Ажурирај: 12 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот лидер, Али Хаменеи, го предупреди својот народ дека е можно САД да имаат план да предизвикаат граѓанска војна во Иран наредната година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според ирaнската државна телевизија, Хаменеи осврнувајќи се на семејствата на загинатите војници во војната меѓу Иран и Ирак и во судирите во Сирија, рече: „Секој да биде внимателен. Можно е САД да подготвиле план за 2019 година“.
Хаменеи нагласи дека САД во последните 2 години ги зголемиле притисоците врз Иран.
„САД планираат да предизвикаат граѓанска војна, предизвикувајќи сепарации во Иран преку економските санкции и безбедносните проблеми“, додаде тој.
Хаменеи укажа на изјавата на почетокот од годината на администрацијата на Вашингтон, во која истакнаа дека „Иранскиот режим нема да ја види 40-тата годишнина од своето постоење. Ова лето ќе помине жешко за Иран“.
„Минатото лето беше едно од најмирните лета. Иранскиот народ треба да биде подготвен. Можно е Американците да вршат измама. Рекоа во 2018, но можно е да предизвикаат немири во 2019 година“, рече Хаменеи.