Şenhan Bolelli
09 Мај 2024•Ажурирај: 10 Мај 2024
МАДРИД (АА) - Шпанскиот крал Фелипе Шести изјави дека насилството во Газа, која е под израелски напади и во која животот го загубија повеќе од 34.000 луѓе, достигнало незамисливо ниво, јавува Анадолу.
„Рушењето и хуманитарната ситуација во Појасот Газа е најголемата грижа за сите. Насилството во Газа достигна незамисливо ниво“, рече кралот Фелипе Шести во својот говор на настанот во Мадрид.
Кралот Фелипе Шести истакна дека зголемувањето на насилството во Газа, каде Израел продолжува со своите напади, е ретко видена ситуација во блискоисточната криза и дека нејзините последици доведуваат до многу неизвесности на глобално ниво.
Тој посочи дека светот станува сè покомплексен и непредвидлив поради геополитичките и економските проблеми, демографските трендови и многу други фактори како дигитализацијата и дека нема друга алтернатива освен заедничко и координирано дејствување, особено во справувањето со кревките проблеми.