Mohamed Majed,Ömer Erdem
09 Мај 2024•Ажурирај: 10 Мај 2024
ГАЗА (АА) - Четворица Палестинци се убиени, а 16 се ранети во воздушен напад на израелската Армија врз куќа во јужниот град Рафа, каде што се засолниле околу 1,5 милиони луѓе кои бегаат од нападите во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Според информациите од болнички извори, телата на четири лица кои животите ги загубија во воздушниот напад врз куќата на семејството Ијд во западниот дел на градот Рафа се донесени во приватна кувајтска болница.
Во истата болница се донесени и 16 повредени лица, меѓу кои и оние кои се во критична состојба.
Се наведува дека медицинските екипи продолжуваат со потрагата и спасувањето на лица под урнатините на погодената куќа.