Fatih Erel
07 Март 2017•Ажурирај: 07 Март 2017
ЖЕНЕВА (АА) – Најголемиот саем за автомобили по 87. пат ги отвори своите врати за љубителите на автомобилите. На саемот, новиот СУВ „пежо 3008“ беше избран за автомобил на годината, јавува Anadolu Agency (AA).
Саемот се одржува во центарот за изложба „Палекспо“, а во негови рамки ќе бидат изложени 900 автомобили. Автомобилот на годината беше избран од страна на 58 претставници на медиумите од 22 различни земји.
„Пежо 3008“ е автомобил од типот СУВ, а се извојува од останатите конкуренти поради својот дизајн, технологија и техничките спецификации.
„Алфа ромео јулија“, „цитроен це3“, „мерцедес-бенз E-класа“, „нисан микра“, „тојота це-ха-ер“ и „волво С90/В90“ се останатите автомобили што стигнаа до финалето.
Резултатите од гласањето се:
1. „пежо 3008“: 319 поени
2. „алфа ромео јулија“: 296 поени
3. „мецедес-бенз Е-класа“: 197 поени
4. „волво С90/В90“: 172 поени
5. „цитроен це3“: 166 поени
6. „ тојота це-ха-ер“: 165 поени
7. „нисан микра“: 135 поени
Саемот за автомобили во Женева ќе биде отворен за медиумите од 7. до 8. март, додека за јавноста ќе биде отворен од 9. до 19. март.
Се очекува настанот да го посетат 10.000 претставници на медиумите и околу 700.000 посетители.