Ahmet Gençtürk
14 Мај 2024•Ажурирај: 15 Мај 2024
АТИНА (АА) - „Подобрувањето на билатералните односи со Туркије дава конкретни и позитивни резултати“, изјави вчера грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јавува Анадолу.
На заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, каде што Мицотакис престојува во еднодневна работна посета, грчкиот премиер рече дека билатералните односи напредуваат на три нивоа: политички дијалог, позитивна агенда и мерки за градење доверба.
„Верувам дека ова е позитивен чекор во тешко време за меѓународниот мир, но и за поширока стабилност во нашиот регион“, рече Мицотакис.
Во однос на соработката во решавањето на нерегуларната миграција, Мицотакис рече дека Атина поддржува поголема помош од Европската Унија за Туркије, која страда поради овој проблем.