Musab Turan
31 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Поради глобална распространетост на консумирање цигари, секоја година 7 милиони луѓе умираат од болести поврзани со тутунот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 1987 година 31 Мај е признат за „Светски ден без цигари“, а Светската здравствена организација (СЗО) го објави извештајот за глобалната потрошувачка на цигари.
Во извештајот се наведува дека поради глобалната распространетост на консумирање цигари, секоја година 7 милиони лица умираат од болести поврзани со тутунот. Од оваа бројка на починати, скоро 900.000 лица се непушачи кои биле изложени на пасивното влијание на димот од цигарите.

На светско ниво, повеќе од 1 милијарда луѓе консумираат цигари. Од нив 80 отсто боледуваат од болести поврзани со тутунот, за кои е утврдено дека потекнуваат од земји со ниски и средни приходи.
Тутунот преставува ризичен фактор во развивањето на коронарни срцеви заболувања, мозочни удари и васкуларни болести.
Во извештајот може да се забележи дека голем дел од општеството е неупатена и неинформирана дека цигарите се една од главните причини за кардиоваскуларните болести кај луѓето.
Дури 12 отсто од случаите на смртност од срцеви заболувања се поради употреба на тутун
Меѓу починатите од срцеви заболувања, пушачите и жртвите изложени на димот од цигари учествуваат со 12 отсто. На светско ниво, тутунот се наоѓа на прво место како најголема причина за смртност на луѓето поради кардиоваскуларни болести.
Светската здравствена организација на земјите во светот им дава предлози како да ја водат борбата против тутунот и борбата за намалување на консумирањето цигари. На чело на овие предлози стои следење на политиката за превенција од употреба на тутун. Еден од предлозите е да не се консумираат цигари и производи од тутун во затворените јавни простории, работните простории, работилниците и средствата за јавен превоз, со цел луѓето да не станат жртви на димот од цигари.
СЗО која сугерира социјална борба за запирање на навиката за пушење, препорачува и формирање бесплатна специјалистичка поддршка и телефонски линии за поддршка. Таа укажува дека кутиите за цигари треба да имаат едноставна амбалажа без декорација или на нив да има големо предупредување за здравствените последици. СЗО истакнува дека е потребно организирање кампањи против тутунот, со цел информирање на народот за штетноста од консумирањето цигари и пасивното влијание на димот.
Вистини за употребата на тутун
Според спроведените истражувања и добиените податоци, меѓу органите во човечкиот организам кои најмногу претрпуваат оштетувања се очите. Секојдневното отфрлање на околу 10 милијарди отпадоци од цигари и тутун содржи повеќе од 7.000 отровни хемикалии.
Секое второ дете е жртва на дим од цигари. Во светот 226 милиони возрасни пушачи се сиромашни. Во земјите со ниски приходи, домаќинствата од своите приходи трошат повеќе од 10 отсто на производи од тутун. На светско ниво, трошоците за болести кои се поврзани со консумирање тутун, загубите во продуктивноста поради прераната смрт и трошоците во здравството изнесуваат 1,4 трилиони долари.