Adem Şalvarcıoğlu
31 Мај 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Жителите на Малезија собраа 1,76 милиони долари за еден ден, а со овие средства сакаа да им помогнат на властите во враќањето на јавниот долг, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Дневниот весник „The Straits Times“ (Стрејтс Тајмс) објави дека жителите на Малезија за 24 часа собрале 1,76 милиони долари, во рамките на кампањата „Фонд на надеж“, чија цел е да ѝ се помогне на Владата на Малезија во враќањето на државниот долг.
Министерот за економија на Малезија, Lim Guan Eng, изјави дека народот направил голем успех со средствата собрани за само еден ден.
„Малезискиот народ уште еднаш ја покажа својата љубов кон татковината. Ги одвоија сите средства за помош на државата за повторно да изградат наша земја“, истакна министерот Лим Гуам Енг.
Јавниот долг на Малезија, кој остана уште од периодот на поранешниот премиер Наџиб Резак, изнесува 252 милијарди долари.
„Фондот надеж“ го покрена новоизбраниот премиер на Малезија, Махатир Мухамед, кој по победата на изборите на 9 мај, изјави дека повторно ќе ја изгради Малезија.