Ekipa
09 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
ВАТИКАН (АА) - Ватикан денес објави дека нема да продава цигари во својот фришоп и во супермаркет. Со тоа, Ватикан се откажува од годишен профит од околу 10 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Ватикан се наведува дека папата Франциско донел таква одлука затоа што Светиот престол не може да придонесува во активности што јасно му штетат на човековото здравје. Во соопштението се наведува и податокот на Светската здравствена организација дека пушењето е причина за повеќе од седум милиони смртни случаи годишно во светот.
Во книгата „Avarice“ (Алчност) од 2015 година, која се темели на ватикански документи, објавено е дека продажбата на цигари во Ватикан донесува годишна соработка од околу 10 милиони евра и претставува втор најголем извор на приходи по продажбата на гориво без данок.