Zeynep Hilal Karyağdı Duran
24 Ноември 2021•Ажурирај: 25 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Али Карадаги, генералниот секретар на Светската унија на муслимански научници, изјави дека страдањето на луѓето кои се обидуваат да емигрираат од своите земји, немаат никаква поврзаност со верата, туку се резултат на лош глобален политички поредок, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Карадаги на својот профил на Твитер го сврте вниманието на потешкотиите со кои се среќаваат мигрантите кои чекаат на границата на Белорусија и Полска за да влезат во Европа.
Споделувајќи фотографија од гробовите на тројца мигранти од Јемен, Сирија и Ирак, кои починаа на белоруско-полската граница, Карадаги напиша:
„Границите ги раздвоија, ги обединија нивните патишта во потрага по азил. Фотографија која опишува болка.“
Осврнувајќи се на Јемен, Сирија и Ирак, Карадаги додаде дека тоа се престолнини и најголеми цивилизации во историјата на исламот, чии луѓе се селеле, умирале на патот на преселба и во бегство.
Карадаги, исто така, спомена дека страдањето на овие луѓе нема никаква поврзаност со религијата и дека тоа е резултат на лош глобален политички поредок.
Стотици луѓе, вклучувајќи ги Јеменците, Ирачаните и Сиријците, со недели чекаат на белоруско-полската граница во тешки животни услови да мигрираат во Европа.