Kaamil Ahmed
23 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Aмериканското списание „Vanity Fair“ (Венити фер) објави дека американскиот претседател Доналд Трамп им открил чувствителни информации на руските официјални лица, во врска со разузнавачката служба на Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иако Трамп не го именуваше Израел како вмешан во операција, тој ги отстапил клучните детали од операцијата, која наводно се однесува за обидите на терористичката група ДЕАШ да развие ново оружје.
Анонимно израелско официјално лице кое „Vanity Fair“ го цитира, изјави дека се загрижени поради тоа што споделиле разузнавачки податоци со Трамп и се загрижени поради фактот што информациите дадени на Москва можат да стигнат до рускот сојузник Иран, кој Израел го смета за свој најопасен непријател.