Bahattin Gönültaş
27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за економија и енергија, Петер Алтмајер, истакна дека Европа е подготвена да разговара со Соединетите Американски Држави (САД) за многу прашања поврзани со трговијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Алтмајер, во изјавата за „Дојчландфунк“ („Deutschlandfunk“) рече дека започнувањето на трговските преговори меѓу Европа и САД е значајно.
„Сепак, трговските преговори меѓу Европа и САД ќе бидат тешки“, нагласува Алтмајер.
Наведувајќи дека Европа е подготвена да разговара со САД за многу прашања поврзани со трговијата, Алтмајер рече: „За време на мојата посета на САД во јуни, имав впечаток дека американската администрација утврдила дека постигнувањето решение е поважно отколку опстојувањето на спорни прашања. Сепак, трговските преговори меѓу Европа и САД ќе бидат тешки.“
На прес-конференција во Бијариц, вчера по Самитот на Г7, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е можно да се договорат со Европската Унија (ЕУ) во однос на трговијата, без притоа да се има на дневен ред царинските тарифи.
Германската канцеларка, Ангела Меркел, пред средбата со Трамп во Бијариц, одговарајќи на новинарски прашања рече дека таа е за длабински преговори меѓу Европската Унија (ЕУ) и САД во областа на трговијата.