Erbil Başay
27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
БЕРЛИН (АА) - Германскиот шеф на дипломатијата, Хеико Мас, изјави дека заштитата на амазонските шуми е должност на целиот свет и дека не смее да се дозволи нивно уништување, јавува Anadolu Agency (AA).
Мас во изјавата дадена во германското Министерство за надворешни работи истакна дека е добро што на Самитот на Г7, што заврши вчера, а се одржуваше во францускиот град Бијариц, станало збор за пожарот кој во Јужна Америка ги зафати амазонските шуми.
„Заштита на амазонските шуми е должност на целиот свет“, изјави Мас, истакнувајќи дека не смее да се дозволи уништување на белите дробови на Земјата.
Мас во изјавата за новинарите рече дека вчера имал телефонски разговор со својот бразилски колега во кој понудил финансиска и техничка помош за борбата со пожарот.
Во Бразил, земјата во која се наоѓаат најпространите дождовни шуми на планетата, за една година се случиле над 1.072 пожари.
Според податоците на бразилскиот Институт за вселенски истражувања (INPE), во оваа земја годинава избувнале 72.843 пожари.
Бројот на шумските пожари во земјата се наоѓа на највисоко ниво во последните 6 години, а бројот на пожари во однос на минатата година постои зголемување од 83 отсто.
Францускиот претседател Емануел Макрон, на Самитот на Г7 изјави дека ќе се донира финансиска помош во висина од 20 милиони евра за земјите погодени од пожарите во Амазон, додавајќи дека во Генералното собрание на Обединетите нации идниот месец ќе започне иницијатива за Амазонија.