Mustafa Deveci
09 Септември 2022•Ажурирај: 10 Септември 2022
ХАРКОВ (АА) - Во нападите на руските сили врз Харков, на истокот на Украина, загинаа 5 цивили, а 10 лица беа ранети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на воената администрација во областа Харков, Олег Синегубо, објави дека руските сили во текот на ноќта извршиле ракетни напади врз центарот на Харков.
Синегубо рече дека загинале 5 лица, од кои 2 жени, а 10 лица се ранети.
Во соопштението од Кабинетот на гувернерот во областа Доњецк се наведува дека вчера загинале 9 лица, а 23 се ранети.
Генералштабот на Украинската армија соопшти дека Руската армија загубила 650 војници во војната во Украина во последните 24 часа.
Во соопштението се наведува дека од 24 февруари до 9 септември во Украина се неутрализирани 51.950 руски војници. Во тој период се уништени 239 авиони, 211 хеликоптери, 2.122 тенка, 4.575 оклопни возила, 1.237 топа, 306 ракетни фрлачи и 159 одбранбени системи.