Etem Geylan
24 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Али Чинар, претседател на Организација за турското наследство (THO), со седиште во Вашингтон, истакна дека изнајмените (чатер) училишта на ФЕТО во САД претставуваат значаен извор за финансирање на оваа организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Во образложението што го даде, Чинар наведува дека ФЕТО преку своите изнајмени училиштата во САД успева да придобие симпатизери.
- „ФЕТО има 26 училишта во 50 американски сојузни држави“ -
Али Чинар истакна дека организацијата ФЕТО во САД е позната како „Движење Ѓулен“, и голем број американски филантропи на неа гледаат како на добронамерна формација.
„За жал, поголемиот дел од Американците сметаат дека ФЕТО преку своите чартер училишта им помага на сиромашните деца. Голема улога за ваквата перцепција на Американците имаат постојаните активности на ФЕТО во односите со јавноста. Организацијата се служи со предавања и промоции за дијалог меѓу религиите, преку кои успеа да се вгнезди во политиката и да ги скрие своите вистински намери“, вели Чинар.
Али Чинар посочи дека сѐ уште, во 50 американски сојузни држави функционираат 26 училишта на ФЕТО и истакна:
„Може да се каже дека ги избираат оние држави во коишто приходите и образованието се на ниско ниво. Со тоа, успеваат да ги убедат американските филантропи дека нивната цел е образование за сиромашните деца. Ја користат блискоста и добрите односи со локалните раководства. Тука е интересен фактот што американските граѓани несвесно, всушност, самите ги финансираат училиштата на организацијата. ФЕТО, користејќи измамнички методи и корупција, средствата наменети за училиштата ги пренаменува за други цели. Тоа значи дека организацијата е финансирана од даноците што ги плаќаат Американците. Постои сомневање дека 20 отсто од 730 милиони долари, кои на тој начин се собираат за потребите на училиштата, се префрлуваат на организацијата. Некои американски граѓани сметаат дека дел од овие пари се користени за финансирање на предавничкиот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година“.