Sarp Özer
12 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
ДОХА (АА) - Началникот на Генералштабот на војската на Турција, Хулуси Акар, изјави дека целта на операцијата „Маслинова гранка“ е да се воспостави мир во Африн и да се ослободи подрачјето од припадниците на терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар ги посети штандовите на турските компании на Меѓународниот саем за поморство и одбрана 2018 (DIMDEX) во Доха.
Началникот на турскиот Генералштаб пред церемонијата за отворање на саемот изјави дека успешно продолжува операцијата „Маслинова гранка“, која е започната на 20 јануари со цел неутрализација на терористите на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ во Африн и спасување на пријателскиот и братски народ од притисокот на терористите.
Тој истакна дека мета на операцијата се скривниците, засолништата, воените позиции, оружјето, возилата и опремата што ги користат терористите и дека се обрнува големо внимание за да не дојде до страдање на цивилите.
Според неговите зборови, внимателноста што беше покажана во офанзивата „Штитот на Еуфрат“ е продолжена и во операцијата „Маслинова гранка“
„Терористичката организација настојува да врши манипулација. Одреден слој им верува, но сите знаат за нашата внимателност“, изјави Акар.
Тој нагласи дека мета на Вооружените сили на Турција (ТСК) не се богослужбите, историските градби, археолошките остатоци и други слично локалитети, како и дека се внимава да не се нанесе штета на околината.
Акар изјави дека од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ се предале 60 терористи, а турските сили им укажале прва помош на оние што биле ранети.
Во подрачјата ослободени од терористите помош даваат турската Црвена полумесечина и Канцеларијата за вонредни ситуации при турската Влада (АФАД).
„Овозможуваме враќање на нашите сириски браќа во нивните домови. Наша цел е да се воспостави мир во регионот, да се исчисти од терористичките организации, првенствено од ПКК/ПЈД/ЈПГ. Регионот се чисти не само од терористите на ПКК, туку и од ДЕАШ“, изјави Акар.