Emel Öz Gözellik
25 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
СИМИ ВАЛЕЈ (АА) – Во американскиот град Сими Валеј, во Калифорнија, за лицето кое лежело во затвор 39 години за дело коешто не го извршило, одлучено е да добие 21 милион долари како компензација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ерик Левит, градоначалникот на Сими Валеј, истакна дека 71-годишниот Крејг Коли, којшто лежел 39 години во затвор за убиство на две лица, од кое едно дете, а потоа во 2017 години бил ослободен откако се дознало дека е невин, ќе добие 21 милион долари како компензација.
Левит, истакнувајќи дека ниту една компензација нема да го надомести тоа што го доживеал Коли, додаде дека 4,9 милиони долари ќе бидат надоместени од градската администрација, а останатите 16,1 милион долари од осигурувањето и други извори.
Минатата година на Коли му биле исплатени 2 милиони долари како друг вид отштета.
Коли бил осуден во 1978 година за убиство на неговата девојка Ронда Вич и нејзиниот 4-годишен син.