Erdoğan Çağatay Zontur
10 Февруари 2020•Ажурирај: 11 Февруари 2020
ПЕКИНГ
Бројот на починати од коронавирусот во Кина порасна на 909 лица, соопшти кинеската Национална здравствена комисија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Надлежните соопштија дека потврдени се 40.171 случај на заболени со коронавирус. Во последните 24 часа починале 97 лица, а детектирани се над 3.000 нови случаи.

Бројот на лица под медицински надзор порасна на 187.518, додека бројот на лицата за кои постои сомнение дека се заразени од вирусот изнесува 23.589.
Бројот на лица кај кои е детектиран вирусот надвор од континентална Кина достигна 36 во Хонгконг и 10 во Макао.
Се смета дека вирусот се пренел на луѓето од животни, особено од лилјаците.
Освен во Кина, вирусот се прошири во над 20 земји во светот, меѓу кои и САД, Велика Британија, Сингапур, Франција, Русија, Шпанија и Индија.
Многу земји ги евакуираа своите граѓани од градот Вухан - епицентарот на вирусот - и од други погодени области во Кина, сместувајќи ги во изолирани медицински услови.
Светската здравствена организација (WHO) ја прогласи појавата на коронавирусот за меѓународна здравствена опасност.