Ekip
18 Октомври 2023•Ажурирај: 19 Октомври 2023
ГАЗА (АА) - Екипата на Анадолу (АА) ова утро изработи фотографии од баптистичката болница „Ал-Ахли“ во Газа, која синоќа беше цел на израелски напад во кој животот го загубија повеќе од 500 цивили.
На фотографиите може да се забележат оштетувањата на зградата на баптистичката болница, како и голем број потполно уништени автомобили пред зградата. На фотографиите се забележуваат и луѓе кои ги носат повредените и ги собираат предметите.
Повеќе од 500 луѓе се убиени во израелските воздушни напади на баптистичката болница „Ал-Ахли“ во Газа синоќа, изјави за Анадолу портпаролот на палестинското Министерство за здравство, Ашраф ал-Кудра.
На снимките објавени на социјалните мрежи од местото на нападот се забележуваат трупови расфрлани во дворот на болницата.
Последниот воздушен напад на Израел следуваше по 11 дена од почетокот на судирите меѓу Израел и палестинската група Хамас. Сѐ е поголем бројот на меѓународни невладини организации и светски лидери кои посочуваат дека израелската кампања на бомбардирање на опколениот Појас Газа, вклучувајќи ги и здравствените институции, домовите и верските објекти, го крши меѓународното право и може да претставува воено злосторство.