Gülşen Topçu
19 Август 2020•Ажурирај: 19 Август 2020
РАМАЛАХ
Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) извршиле удар врз палестинското прашање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Абас на состанокот во седиштето на палестинската управа во Рамалах остро го критикувше неодамнешното склучување на договорот за нормализација на односите помеѓу Емиратите и Израел.
Истакнувајќи дека за палестинското прашање може да говорат само Палестинците, Абас рече дека Обединетите Арапски Емирати се обидуваат тој договор да го претстават како голем успех во борбата против израелскиот план на анексија на палестинската територија.
„Го претставуваат тоа како дека анексијата го сочинув комплетното палестинско пршање. Тоа е неприфатливо залажување. Тоа го сметаме за голем удар врз палестинското прашање", рече Абас.
Нагласувајќи дека Палестинците се единствени во тешки ситуации и дека, и покрај меѓусебните разлики, сите палестински групи стануваат против оние кои против нив прават завери, Абас рече дека целиот свет ја поддржал Палестина наспроти амеиканскиот таканаречен мировен план на векот.
„Договорот за нормализација е наводно склучен врз база на Арапската мировна иницијатива од 2002 година, но таа иницијатива налага арапските земји да не ги нормализираат односите со Израел се додека не се реши палестинското прашање", рече Абас.
Минатата седмица, ОАЕ и Израел соопштија дека постигнаа договор за нормализација на билатералните односи. Претседателот на САД, Доналд Трамп лично соопшти дека ОАЕ и Израел постигнале договор во потполност да ги нормализираат билатералните односи. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека тоа е историски успех.
ОАЕ станаа трета земја која со Израел постигна договор за нормализација на односите, а претходно тоа го направија Египет (1979) и Јордан (1994).
Палестинското раководство, вклучувајќи ги движењата Фатах, Хамас, Исламски џихад и Народен фронт за ослободување на Палестина, согласно е дека договорот за нормализација на односите помеѓу ОАЕ и Израел претставува големо предавство.