Sayed Khodaberdi Sadat
18 Октомври 2019•Ажурирај: 21 Октомври 2019
КАБУЛ (АА) - Во бомбашкиот напад во џамија за време на петочната молитва во авганистанската покраина Нангархар загинаа 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на гувернерството на Нангархар, Атаула Хогјани, во изјава за АА истакна дека за време на петочната молитва биле активирани две бомби кои биле поставени во џамија во селото Џудере, кое се наоѓа во Хасаки Мине.
Хогјани информираше дека според првичните сознанија, во нападот загинале 22 лица, додека 60 лица биле повредени.
Тој информраше дека по нападот се се урнал кровот на оваа џамија, изразувајќи ја загриженоста од зголемување на бројот на жртвите.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.