Emel Öz Gözellik
18 Октомври 2019•Ажурирај: 21 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Тајфунот Хагибис во Јапонија, во земјоделскиот сектор направи штета од 38,3 милијарди јени (околу 310 милиони евра), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Кјодо“, во соопштението на Министерството за земјоделство се нагласува дека земјоделскиот сектор во земјата претрпел голема штета од тајфунот.
Се истакнува дека досега тајфунот предизвикал штета од 38,3 милијарди јени (околу 310 милиони евра ) и дека 25 илјади хектари земја се наоѓа под вода.
Исто така се наведува дека министерот за земјоделство и шумарство, Таку Ето, ќе ги посети областите погодени од тајфунот.
Јапонската Влада соопшти дека планира да потроши 6,5 милиони американски долари во областите погодени од тајфунот.
Во меѓувреме, бројот на загинатите во катастрофите и несреќите предизвикани од тајфунот Хагибис се искачи на 78, а најмалку 12 лица сѐ уште се водат како исчезнати.
Јапонскиот метеоролошки институт предупреди дека се можни повторни врнежи в петок и сабота во североисточниот и источниот дел на земјата.