Sayed Khodaberdi Sadat
13 Август 2016•Ажурирај: 14 Август 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку четири лица загинаа во експлозија во покраината Кандахар во Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот во Канцеларијата на гувернерот на Кандахар, Самим Пелвак изјави дека во Мајванд во моментот кога минувало возило што пренесувало цивили, била активирана експлозивна направа, претходно била поставена на патот.
Во експлозијата загинаа најмалку четири лица, а возилото е целосно уништено.
Певалек додаде дека експлозивот бил поставен од страна на талибанците, и дека нивна цел биле безбедносните сили на Авганистан.