Ekipa
12 Септември 2019•Ажурирај: 12 Септември 2019
КАБУЛ (АА) - Силна експлозија на бомба го потресе Кабул, главниот град на Авганистан, близу до седиштето на командните сили на Армијата, соопшти официјален претставник, јавува Anadolu Agency (AA).
Нусрет Рахими, портпарол на Министерството за внатрешни работи, истакна дека експлозијата се случила во подрачјето на Решкор во Кабул.
Тој не наведе детали за евентуални загинати.
Досега никој нема преземено одговорност за експлозијата.