Dmitri Chirciu
12 Септември 2019•Ажурирај: 13 Септември 2019
МОСКВА (АА) - Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, истакна дека е нарушена меѓународната стратешка стабилност, и дека постои ризик да се случи нуклеарна војна, јавува Anadolu Agency (AA).
Рјабков во своето обраќање на настан во Русија говореше за состојбата на меѓународната сцена, нагласувајќи дека е нарушена меѓународната стратешка стабилност.
„Според моменталната состојба, постои ризик да се случи нуклеарна војна. За жал, тоа е факт“, рече тој.
Рјабков потсети дека ќе заврши Договорот за намалување на новото стратешко оружје (New START), потпишан во 2010 година меѓу САД и Русија.
„Чекорите на нашите партнери од Западот станаа уште поостри. Соединетите Американски Држави (САД) велат дека не се подготвени за преговори во врска со Договорот за намалување на новото стратешко оружје“, додаде Рјабков.
Тој нагласи дека Русија е отворена за вршење преговори со САД во насока на стратешка стабилност.