Sayed Khodaberdi Sadat
26 Јануари 2019•Ажурирај: 27 Јануари 2019
КАБУЛ (АА) - Управувањето на три училишта на терористичката организација ФЕТО во Авганистан, од кои на една женска и на една машка гимназија во градот Мезар-и Шериф и на една женска гимназија во градот Херат, се предадени на Турската фондација „Маариф“ (ТMV), јавува Anadolu Agency (AA).
Учениците со цвеќе во раце ги пречекаа гостите на церемонијата на примопредавање која се одржа во машката гимназија во Мезар-и Шериф, меѓу кои главниот конзул на Турција во Мезар-и Шериф, Шефки Сечкин Алпај, советникот во Министерството за образование на Авганистан, Неџибула Камуран, директорот на Фондацијата во Авганистан, Шакир Војвот и наставниците на овие ученици.
Советникот во Министерството за образование на Авганистан, Камуран, во своето обраќање на церемонијата истакна дека врз основа на договорот постигнат меѓу министерствата за образование на Авганистан и Турција, и како резултат на одобрението на Министерскиот совет, управувањето на шесте училишта на ФЕТО во Авганистан ги предале на Фондацијата „Маариф“, и дека ќе се предадат и останатите училишта.

Камуран рече дека постигнатиот договор е во корист на двете земји, дека ќе се зголеми квалитетот на предадените училишта, но и дека двојно ќе се зголеми бројот на постоечките училишта.
Камуран додаде дека „Маариф“ ќе вложи инвестиција од милиони долари во областа на образованието во Авганистан.
Директорот на Фондацијата во Авганистан, Војвот, истакна дека ќе направат попуст од 20 отсто на цените на партиципацијата за учениците кои ги примиле во оваа земја
Војвот нагласи дека учениците во училиштата на „Маариф“ ќе добијат квалитетно образование во добри услови и дека ќе обезбедат стипендии за успешните студенти.
„Ќе вложиме напор да даваме подобра услуга со искусните учители на „Маариф“, никој да не е загрижен околу тоа“, додаде Војвот.
Со ова училиште, шест од 12-те училишта на ФЕТО во авганистанските градови Кабул, Херат, Мезар-и Шериф, Кандахар, Нангархар и Кузкан се предадени на Турската фондација „Маариф“.
Министерствата за образование на двете земји на 26 февруари 2018 година потпишаа договор за предавање на училиштата на ФЕТО.