Bakir Tiro
26 Јануари 2019•Ажурирај: 27 Јануари 2019
МЕЛБУРН (AA) - Наоми Осака е освојувачка на првиот тениски Гранд слем од сезоната Австралијан опен, јавува Anadolu Agency (AA).
Јапонката во денешното финале од првиот тениски Гранд слем од сезоната Австралијан опен ја победи Петра Квитова од Чешка. Беше 2:1, по сетовите 7:6, 5:7 и 6:4.
Осака (21) од понеделник ќе биде прва на ATП ранг-листата со 7.030 бода, додека Квитова ќе се пробие на втората позиција со 6.290.
Во утрешното финале од Австралијан опен во машка конкуренција во Мелбурн ќе се состанат и првиот играч на светот, Новак Џоковиќ (Србија) и вториот од ATP ранг-листата, Рафаел Надал (Шпанија).